Утрински Весник
Свет

Илон Маск планира да изгради град за вработените во кој ќе може да живеат и работат

Илон Маск планира да изгради град за вработените во кој ќе може да живеат и работат

Американскиот мултимилијардер Илон Маск планира да изгради сопствен град на купени пасишта и земјоделско земјиште недалеку од Остин, главниот град на државата Тексас.

dobivaj vesti na viber

Документите од земјиштето сугерираат дека Маск сериозно го сфатил овој проект, што го потврдија и луѓе запознаени со идејата на Маск, пишува „Волстрит џурнал“.

На средбите со сопствениците на земјиштето и агентите за недвижности, Маск и вработените во неговата компанија ја опишаа неговата визија како еден вид тексашка утопија покрај реката Колорадо, каде што неговите вработени можеа да живеат и работат.

Маск и неговите најблиски соработници наводно сакаат на вработените во компаниите на Маск во областа Остин, вклучително и работниците во „Боринг“, производителот на електрични автомобили „Тесла“ и компанијата за истражување на вселената „Спејс икс“, да им биде дозволено да живеат во нови домови со кирии пониски од пазарните.

Планираниот град се граничи со објектите „Боринг“ и „Спејс икс“, кои сега се во изградба. На локацијата веќе има куќи, бази, спортски терен и сала за вежбање.

Според законот во Тексас, градот мора да има население од најмалку 201 жител пред да може да аплицира за инкорпорирање, а потоа да бара одобрение од окружниот судија.

Портпаролката на округот Бастроп рече дека Маск сè уште не поднел никакво официјално барање, пренесе „Индекс.хр“.

Можете да прочитате

„Рено“ ќе произведува дронови во Украина

Зеленски: САД пренасочија 20.000 ракети ветени за Украина кон Блискиот Исток

Велика Британија планира инвестиции од над 100 милијарди евра во наука, иновации и одбрана до 2030 година