Утрински Весник
Свет

Белорусија воведе смртна казна за велепредавство, егзекуциите се извршуваат со еден истрел во задниот дел од главата

Лукашенко: САД не дозволуваат Украина да започне мировни преговори
Dik 300x250 mk

Белорускиот претседател Александар Лукашенко потпиша закон што овозможува примена на смртна казна врз службеници и припадници на вооружените сили осудени за велепредавство, соопшти кабинетот на шефот на државата.

dobivaj vesti na viber

Белорусија, која е земја близок сојузник на Русија, е единствената во Европа што сè уште ја применува смртната казна. Досега смртната казна се применуваше за злосторства како убиство или терористички акти. Егзекуциите се извршуваат со еден истрел во задниот дел од главата.

Споменатата промена е дел од измените на Кривичниот законик, чија најавена цел е зајакнување на борбата на Белорусија против „злосторствата од екстремистичка или антидржавна ориентација“.

Можете да прочитате

Кошта: Проширувањето на ЕУ сега стана реална можност

Закана за бомба во авион? Драма во Вашингтон: Сите летови одложени…

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно