Утрински Весник
Економија

Трајковски: Цените на млекото и млечните производи кои ги донесе Владата се апсолутно издржани

Трајковски: Цените на млекото и млечните производи кои ги донесе Владата се апсолутно издржани

Владата денска донесе одлука за замрзнување на цените на тестенините и млечните прозиводи.

dobivaj vesti na viber

Цената на тестенините се намалува 15 проценти, а 10 отсто цената на млечните производи, соопшти премиерот Димитар Ковачевски.

Преку објава на својот фејсбук профил се огласи и директорот на Пазарната инспекција кој напиша дека се согласува со одлуката на Владата и оти цените се апсолутно издржани.

„Одлуката со која се определуваат највисоките цени во трговијата на мало на определени видови тестенини и Одлуката за утврдување на највисоки цени на одредени видови млеко и млечни производи кои ги донесе Владата, се апсолутно издржани и сосема се согласувам со нивната цел, а тоа е да се излезе во пресрет на граѓаните и нивните потреби.
Одлуките нема да наштетат во стабилноста на домашниот пазар, но исто така не смее да се дозволи неконтролирано покачување на цените во услови на економска и енергетска криза. Верувам дека ќе се успее во битката за стабилност и ликвидност на компаниите и дека Владата ќе излезе во пресрет, како и до сега, онаму каде што ќе биде потребно!
Овие Одлуки стапуваат во сила на 16.03.2023 година. До тогаш, апелирам, трговците да ги усогласат цените, во спротивно ќе следат високи казни!
Пазарниот инспекторат ќе биде постојано активен на терен, и ќе постапува во согласност со надлежностите кои произлегуваат од овие Одлуки!”, напиша на својот фејсбук профил директорот на Пазарна, Горан Трајковски.

Можете да прочитате

Дурмиши: Oд март 2025 зголемување на минимална плата

УПОЗ не отстапува од барањето за покачување на минималната плата на 450 евра

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена