Утрински Весник
Магазин

(Видео) Продуцентот на „Оскарите“ соопшти дека Лејди Гага да нема да настапи в недела

(Видео) Продуцентот на „Оскарите“ соопшти дека Лејди Гага да нема да настапи в недела
Dik 300x250 mk

Лејди Гага нема да ја изведе својата песна номинирана за „Оскар“, Hold My Hand, од филмот „Топ-ган: Маверик“ на доделувањето в недела.

dobivaj vesti na viber

Продуцентот на оскаровската церемонија, Глен Вајс, откри дека музичката дива морало да ја одбие поканата поради снимање на продолжението на Joker: Folie à Deux.

„Имаме одлични односи со Лејди Гага и нејзиниот тим, но таа во моментот е на средина на снимањето, а ние сме тука да ѝ оддадеме почит на филмската индустрија и на она што е потребно за да се направи филм. По многу натегање, се чинеше дека не може да испорача изведба од калибарот на кој сме навикнати кога е во прашање оваа музичка ѕвезда заедно со сите придружни работи“.

„Значи, таа нема да биде во шоуто. Тука станува збор, од наша гледна точка, за некој што снима филм и ние целосно разбираме дека тоа е приоритет во овој бизнис, особено што ги наградуваме филмовите“, објасни Вајс на прес-конференцијата на оскаровскиот креативен тим.

Сите други номинирани за најдобра оригинална песна оваа година го потврдија своето присуство. Годинешните номинирани ги вклучуваат Lift Me Up на Ријана, Applause на Софија Карсон и Дајан Ворен, This Is Life на Стефани Хсу, Дејвид Бирн и Сон Лукс и Naatu Naatu на Рахул Сиплигуњ и Каала Баираве.

Можете да прочитате

Маски за спиење – предности и недостатоци

Ако сакате да живеете подолго и подобро – почнете да ги применувате овие три навики

Вирален рецепт за врвен зимски компот: Комбинација од најубавите овошја во тегла ќе ве топли цела зима