Утрински Весник
Свет

Ким Џонг Ун ја одведе ќерка си на воена вежба, па и’ нареди на војската: „Засилете ги вежбите за вистинска војна“

Ким Џонг Ун ја одведе ќерка си на воена вежба, па и’ нареди на војската: „Засилете ги вежбите за вистинска војна“

Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг Ун, и’ нареди на војската да ги интензивира вежбите за вистинска војна, јавува „Ројтерс“ повикувајќи се на севернокорејските државни медиуми.

dobivaj vesti na viber

Ким ја надгледуваше воената вежба, за која рече дека ја докажала способноста на земјата да возврати во вистинска војна, наведува британската агенција.

Северна Кореја истрела балистичка ракета со краток дострел од нејзиниот западен брег во четвртокот, соопшти војската на Јужна Кореја, додавајќи дека ја анализира можноста Пјонгјанг да лансирал повеќе проектили истовремено од истата област.

Фотографиите објавени од севернокорејската новинска агенција КЦНА покажуваат најмалку шест проектили истрелани во исто време.

КЦНА објави дека единицата обучена за „ударни мисии“ испукала моќно оружје врз целните води и ја покажала својата способност да се спротивстави на вистинската војна.

Ким истакна дека единиците за огнен напад треба да бидат подготвени за совршено извршување на две стратешки мисии – одвраќање војна и преземање иницијатива во војна, со постојано интензивирање на вежбите за вистинска војна, според КЦНА.

„Ројтерс“ пренесува дека лидерот на Северна Кореја бил придружуван од неговата ќерка.

Последните лансирања на Пјонгјанг доаѓаат по големите вежби на Соединетите држави и Јужна Кореја, најавени за следната недела, наречени „Штитот на слободата“.

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење