Утрински Весник
Свет

Захарова: Никој не ја праша Србија во 2008 година за „независноста“ на Косово

Захарова: Никој не ја праша Србија во 2008 година за „независноста“ на Косово
Dik 300x250 mk

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека лицемерието и дволичноста станале „визит-карта“ на западната дипломатија, како и дека никој ништо не ја прашал Србија во 2008 година за независноста на Косово.

dobivaj vesti na viber

„Слушаме многу обвинувања против нас дека не ги почитуваме одредбите на меѓународното право, дека сме на погрешната страна на историјата и дека Западот е на вистинската страна. Добро се сеќаваме на ситуацијата со едностраната декларација на „Независноста“ на Косово во 2008 година, кога САД и ЕУ едногласно тврдеа дека создавањето на „Република Косово“ без согласност на Белград не е во спротивност со нормите на меѓународното право. Да ве потсетам, никој не ја праша Србија. Белград јасно го кажа својот став, велејќи дека е против тоа“, рече Захарова на брифинг со новинарите.

Таа додаде дека денес, 15 години подоцна, западните земји одбиваат да ги следат сопствените рекламирани „стандарди“ во однос на ситуацијата во Украина,пренесе Танјуг.

Можете да прочитате

Унгарија ќе започне разговори со САД за купување нуклеарно гориво

Кнесетот прелиминарно усвои два закона за проширување на израелскиот суверенитет на Западниот Брег, Нетанјаху против

Новата премиерка на Јапонија свири тапани за опуштање, има црн појас во карате и вози мотор