Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Би-би-си тврди дека Конте ќе добие отказ

Би-би-си тврди дека Конте ќе добие отказ
300x250 opst2

Милан се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампионите по ремито без голови во Лондон против Тотенхем. Во првиот натпревар Милан победи со 1:0 со голот на Брахим Дијаз. Последен пат Милан беше во четвртфиналето на Лигата на шампионите во сезоната 2011/2012, кога беше исфрлен од Барселона.

dobivaj vesti na viber

Тотенхем ја заврши сезоната во Лигата на шампионите. Во двата натпревари против Милан, Тотенхем остави лош впечаток. Милан со вкупен резултат 1:0 избори пласман во четвртфиналето. Последен пат италијанскиот тим играше во оваа фаза пред 11 години.

Тотенхем нее во добра форма и тоа се забележува на теренот. Поради се повеќе има критики за италијанскиот тренер Антонио Конте. Во изјавата по натпреварот, Конте беше нападнат и од најскапиот играч во историјата на Тотенхем, Ришарлисон, кој се пожали на малата минутажа и рече дека нивната сезона е „ср..е“.

Мислењето на Ришарлисон го делат англиските медиуми, Би-би-си спорт, пишува дека разделбата на Конте и Тотенхем е многу блиску. По натпреварот, Конте ги коментираше шпекулациите

„Ова не е вистински момент да зборувам за мојата иднина. Имам договор со Тотенхем, во клубот многу добро знаат што мислам. На крајот од сезоната ќе се сретнеме и ќе донесеме одлука. Жал ми е за навивачите, знам дека сакаат трофеј, но јас не сум чудотворец. Откако пред 15 месеци станав тренер на Тотенхем ги кажувам истите работи. Ни треба време бидејќи во моментов немаме цврста основа да бидеме конкурентни, да се бориме, да победуваме. Тоа е моето мислење. Се обидовме да работиме, да разбереме кои се вистинските играчи за да продолжиме да создаваме цврсти темели и ќе се обидеме да најдеме решение на пазарот за подобрување на тимот“.

Многумина сметаат дека Конте треба да го напушти кормилото на тимот на лето и дека негов наследник би можел да биде повратник во Лондон. Имено, за работата е многу заинтересиран Маурисио Покетино.

Аргентинецот е најуспешниот тренер на Тотенхем во овој век, во 2019 година стигна до финалето на Лигата на шампионите, во кое Ливерпул беше посилен.

Можете да прочитате

Англија ја победи Летонија и обезбеди учество на СП 2026

Барди со мајсторски потег ја спаси вечерта – Македонија ремизира со Казахстан!

Барселона ќе ја чека пекол во Битола – влезниците продадени за осум минути