Легендарниот американски кошаркарски тренер Џим Бохејм (78) се пензионира како тренер на Универзитетот Сиракјуз. На оваа позиција тиј мина 47 години.
Бохејм има 1.015 победи за време на неговиот мандат во Сиракјуз. На вечната листа пред него е само Мајк Кжижевски, кој го предводеше Дјук од 1980 до 2022 година, во тој период победил на 1202 натпревари.
Бохејм беше и помошник тренер на американската репрезентација, која беше предводена од Кжижевски до златни олимписки медали во Пекинг 2008, Лондон 2012 и Рио де Жанеиро 2016 година, како и светски титули во Турција 2010 и Шпанија 2014 година.
Со својата работа, токму Бохајм го претвори Сиракјуз во еден од најдобрите кошаркарски универзитети во САД, а во 2003 година го освои шампионатот NCAA со тимот предводен од Кармело Ентони.
На местото на Бохејм ќе дојде неговиот поранешен играч и помошник Адријан Отри (51). Отри играше за Сиракјуз под Бохајм од 1990 до 1994 година, а од 2011 година работи како негов помошник во стручниот штаб.