Утрински Весник
Македонија

(Видео) Максим Димитриевски за македонско-бугарските односи: Македонија киксна во дипломатијата, Османи нема ниту „д“ од дипломатија

(Видео) Максим Димитриевски за македонско-бугарските односи: Македонија киксна во дипломатијата, Османи нема ниту „д“ од дипломатија

Македонија повеќе од 30 години не создава професионална дипломатија, вели Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово, во интервју за „Макфакс“ .

dobivaj vesti na viber

Државата, како што оценува тој, киксна во делот на дипломатијата, а првиот дипломат, Османи, според него, нема ниту „д“ од дипломатија.

Според него, дипломатијата во државата почива на пазарење, а последниот пример што го посочи во интервјуто е лидер на политичка партија, кој е ставен да биде амбасадор во европска држава.

„Кој беше лидер на ЛДП до вчера, се испазари и крајно некоректно си замина за амбасадор, на што личи тоа?“, вели Димитриевски.

За бугарските клубови и најавата дека еден таков набргу треба да биде отворен и во Куманово, Димитриевски појаснува дека тоа не е ништо ново бидејќи, како што рече, во неговиот град таков клуб има уште пред две години и дека зад него стојат луѓе што своевремено им продаваа бугарски пасоши на македонски граѓани и се обидуваа Македонците да ги трансформираат во Бугари.

„Но, без разлика колку пасоши и да се продадени, од Македонец – Бугарин не бидува“, дециден е Димитриевски.

Поопширно на оваа и слични теми со Максим Димитриевски во целосното интервју на „Макфакс“.

Можете да прочитате

Филипче: Платите на лекарите мора да растат

Филипче по средбата со Давкова: Укажав дека партизацијата на безбедносните служби мора да запре

Заменик министерот Исени на 115 сесија на Советот на Меѓународната организација за миграции во Женева