Утрински Весник
Македонија

Ковачевски има разбирање за Груби што игра фудбал во канцеларија со колегите од ДУИ

Ковачевски има разбирање за Груби што игра фудбал во канцеларија со колегите од ДУИ

Секој може да си избере каков реквизит ќе има во својата канцеларија, рече премиерот Димитар Ковачевски прашан за коментар за вчерашниот настан кога министрите од ДУИ играа кошарка и фудбал во канцеларијата на вицепремиерот, Артан Груби.

dobivaj vesti na viber

„Колку што знам, ова не се први фотографии од фудбал во неговиот кабинет. Имам колеги премиери кои имаат кошеви во својата канцеларија. Лично јас немам кош, но секој може да избере дали ќе има реквизит што ќе го искористи во својата канцеларија на минута, две или пет. Така што секој има право да си го организира просторот како што сака. Исто како што и вие во вашата канцеларија можете да го организирате вашиот просторот. Ирелевантно е дали мене тоа ми пречи или не“, рече Ковачевски.

Претходно денес, настанот го коментираше и Груби. Вицепремиерот рече дека сите амбасадори кои дошле во неговиот кабинет шутирале, а неодамна градоначалникот на Тирана дал гол со петица.

На прашањето дали тој како највисок играл центар, вицепремиерот кој за себе вели дека е спортски тип, одговори: „Јас дриблам“.

Можете да прочитате

МЗ за починатото тригодишно дете: Комисијата констатирала дека сите постапки биле навремено и уредно извршени во болницата во Кавадарци

Левица: Кафич во сопственост на заменик-министерка од Вреди добил 9.000 евра од Општина Чаир – од компромитираната ДКСК само молк

Владата го одобри Бесник Ферати за заменик-директор на АНБ