Утрински Весник
Македонија

(Видео) Вардарската врба „надеж“ за која се потрошија илјадници евра собира отпад во реката

(Видео) Вардарската врба „надеж“ за која се потрошија илјадници евра собира отпад во реката

Седум месеци нема чаре за една од трите врби во Вардар, која беше откорната од невремето во август минатата година. Молк од Град Скопје што ќе прави со дрвото, дел од проектот „Три врби во реката Вардар“, кој чинеше 278 илјади евра. Сега таа собира отпад од Вардар бидејќи дел од стеблото е паднато во вода. Гранките ги собираат кесите фрлени во реката. Врбите се именувани како „вера“, „надеж“ и „љубов“, а уништена е „надеж“.

dobivaj vesti na viber

Демолирана остана и галијата, чие отстранување го почна ексградоначалникот Петре Шилегов, а потоа не го продолжи Данела Арсовска. Досега Град Скопје се нема изјаснето што планира со бродот.

„Макфакс“ од ноември чека одговор од Градот дали прилега коритото на Вардар да биде со отпад и со скршена врба, која е скапо платена, но до овој момент од таму не се произнесоа со став.

Уништената врба е дел од проектот „Три врби во реката Вардар“ од авторката Искра Димитрова. Таа беше поставено во бетонска жардиниера. Проектот чинеше 278 илјади евра, иако првично беше планирано да се потрошат 250 илјади евра. Сумата беше зголемена поради дополнителни работи.

Можете да прочитате

Извештајот на Вајц утре пред европратениците, Скопје очекува силна порака за македонскиот идентитет и јазик

ИНРМ: Броилата мора да се видливи – ЕВН се соочува со казни до 3.000 евра

Зголемена фреквенција на ГП Табановце и Богородица