Утрински Весник
Свет

Синот на Милановиќ, кому му поправаа оценки, доби стипендија од Град Загреб

Синот на Милановиќ, кому му поправаа оценки, доби стипендија од Град Загреб

Марко Милановиќ, помладиот син на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, кому пред помалку од една година, по заклучувањето, му беа поправени две оценки, а кој беше предмет на истрага на полицијата и на УСКОК, доби стипендија од Град Загреб за извонредност.

dobivaj vesti na viber

Во меѓувреме, Марко стана полнолетен и сега е матурант во Загрепската класична гимназија, но е и 75-ти на ранг-листата за стипендија за извонредност на Град Загреб за учебната 2022/2023 година, пренесува хрватскиот портал „Индекс“.

Списокот е утврден на 20 јануари, а 180 студенти добиле стипендија во износ од 358 евра месечно.

Инаку, услов за добивање на стипендијата е ученикот да ги завршил претходните средношколски години со одлични оценки, а се води сметка и за просекот, што значи, како што пишува порталот, за синот на Милановиќ за добивањето стипендија се сметале и оценките од аферата со поправањето оценки откога веќе биле заклучени.

Како што додава порталот, Марко имал две поправени оценки, по математика и ликовно, па наместо две четворки, добил две петки и учебната година ја завршил со просечна оценка пет.

Полицијата и УСКОК беа вклучени во истрагата, но резултатот не беше објавен.

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години