Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: Одлучни и силни жени се двигатели на општеството! Честит 8 март!

Ковачевски: Сите пратеници треба да го поддржат вметнувањето на Бугарите во Уставот

Премиерот Димитар Ковачевски упати честитка по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на жената, 8 март.

dobivaj vesti na viber

„Денеска го одбележуваме 8 март, Меѓународниот ден на жената, првиот од 365 дена борба за економска, политичка и социјална еднаквост на жените. Жените заслужуваат признание за нивната храброст, упорност, достоинство и борбеност на сите фронтови. И тоа не само на овој ден, туку секој ден“, истакна Ковачевски во пораката.

Потенцирајќи го значењето на улогата на жената, тој истакна:

„Целосно и безрезервно ги поддржувам во напорите за препознаеност на нивната безвременска улога во општеството, каде, рамо до рамо со мажите, остваруваат огромни успеси во различни сфери и со своите способности, вештини и квалитети ги бришат границите и препреките за наредните генерации. Одлучни и силни жени се двигатели на општеството! Честит 8 март!“, порача премиерот Ковачевски во честитката по повод Меѓународниот ден на жената, 8 март.

Можете да прочитате

Две мали деца се затруле со хемикалија во кумановско, пренесени на Детска клиника

„Макпетрол“ сè уште нема добиено официјално известување за намалување на набавната цена од добавувачот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го остави ЕСМ со загуба од 140 милиони евра, а сега глумат загриженост за струјата