Утрински Весник
Свет

Не им цветаат на сите ружи за 8. Март

Не им цветаат на сите ружи за 8. Март

Специјалниот претставник на генералниот секретар на Обединетите нации и шефица на мисијата на ОН во Авганистан Роза Отунбаева денеска на Меѓународниот ден на жената соопшти дека Авганистан под владата на талибанците се уште е земја која не ги третира правата на жените и девојките и во тој поглед е најлошата од сите земји во светот.

dobivaj vesti na viber

Отунбаева додаде дека е „вознемирувачки“ да се видат „намерни и систематски напори“ на талибанската влада да ги истисне жените и девојките од јавната сфера во Авганистан, пренесува АП.

Половина од населението на Авганистан е принудено да остане дома и да не работи во екот на една од најголемите светски и економски кризи, а тоа е чин на „национално самоосакатување“ во огромни размери, посочи таа.

– Сите Авганистанци, не само жените и девојчињата, со овој чин ќе бидат осудени на сиромаштија и долгорочна зависност од хуманитарна помош – нагласи Отунбаева.

Авганистан ќе биде се поизолиран од сопствените граѓани и од остатокот од светот, заклучи шефот на мисијата на ОН за Авганистан.

Мисијата на ОН, исто така, објави дека откако Талибанците дојдоа на власт во Авганистан во август 2021 година, забележаа речиси постојана дискриминација на жените и континуирано усвојување мерки кои ги ограничуваат нивните права.

На девојчињата им е дозволено да одат на училиште само до шесто одделение, а на Авганистанките не им е дозволено да се појавуваат на јавни места како што се паркови и спортски сали.

Меѓу другото, на жените во Авганистан им е забрането да работат во владини и невладини организации,пренесе Новости.рс.

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата