Утрински Весник
Магазин

Маск се соочи со гнев затоа што исмеја отпуштен вработен во „Твитер“

Маск се соочи со гнев затоа што исмеја отпуштен вработен во „Твитер“

Сопственикот на „Твитер“ Илон Маск се извини во вторникот откако се соочи со бран критики од корисниците на социјалните мрежи поради вирална јавна размена со вработен кој не бил сигурен дали добил отказ.

dobivaj vesti na viber

Кога вработениот во „Твитер“ не добил известување дека е отпуштен, се обратил до Маск за потврда. Она што следело потоа било јавна преписка во која Маск го критикува човекот за неговата работа – и ја доведува во прашање неговата инвалидност.

Сега веќе поранешниот вработен, Харалдур Торлефсон, апелирал до Маск да му го појасни неговиот работен статус. Реакцијата на Маск била дека тој всушност и не работел, при тоа обидувајќи се да фрли сомнеж за неговата попреченост.

Торлефсон, кој користи инвалидска количка и се нарекува Хали на „Твитер“, првпат забележал на крајот на февруари дека не може да се логира на системите на компанијата.

Кога го прашал одделот за човечки ресурси на компанијата дали е пуштен, Торлеифсон не добил јасен одговор. По девет дена, се огласил  на „Твитер“ за одговори и го означил Маск.

„Можеби ако доволно луѓе ретвитнат, ќе ми одговорите овде?“ напишал тој.

Маск почнал да го прашува Торлефсон за задачите што ги извршувал на „Твитер“ и која е неговата улога. Како што продолжуваше виралната размена, Маск напишал дека Торлефсон всушност и не работел ништо. „Тврдите дека имате инвалидност што ве спречува да пишувате, но сепак успеавте да твитнете голема бура.“

Отпуштениот вработен одговорил: „Причината поради која ве прашав јавно е затоа што вие (или кој било друг на Твитер) не одговори на моите приватни пораки“. „Имате целосно право да ми дадете отказ. Но, би било убаво да ме известите!“

Торлефсон, кој живее во Исланд, му се придружи на „Твитер“ во 2021 година кога компанијата го купила неговиот стартап „Уено“.

Тој избра да му се исплаќаат плати за куповната цена на неговата компанија за да плаќа данок во исландските социјални служби – потег што наиде на пофалби во исландските медиуми.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста