Чави Ернандез признава дека „некои од најлошите денови“ во неговиот живот биле како тренер на Барселона, признавајќи дека има огромен притисок на таа позиција.
43-годишниот Чави имаше неверојатни 767 настапи за каталонскиот клуб пред да се пензионира, а се врати на позицијата на тренер во среината на сзоната 2021/22 како наследник на Роналд Куман. Иако ја освои првата титула со клубот во јануари во Суперкупот на Шпанија и има 9 поени предност пред Реал Мадрид на табелата, Чави признава дека не му е лесно поради постојаните критики.
„Некои од најлошите денови во мојот живот дојдоа додека сум тренер на Барселона. Постојано гледам мечеви, понекогаш по три-четири пати. Тоа е нешто во што уживам. Како што кажа Пеп, кога си тренер на Барселона мораш да внимаваш на 200 работи. Оваа работа е 24 часа дневно. Обожавам 75 отсто од мојата работа. Другите 25 отсто се многу тешки. Постојано сум осудуван и критикуван. Тоа е тешко, имам семејство и деца. Има многу моменти кога навистина не се исплати да бидеш тренер на Барса. За мене дополнително како навивача на клубот. Понекогаш е тешко кога ќе чуеш дека те ‘убиваат’ на социјалните мрежи. Тешко е кога ќе чуеш дека не те бива или дека немаш карактер“, вели Чави.