Утрински Весник
Свет

(Видео) Кадиров го ожени синот, тајно снимена свадбената поворка

Кадиров замина, должностите му ги предаде на премиерот Хучиев

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров го ожени својот син под силно полициско обезбедување.

dobivaj vesti na viber

По повод венчавката, во главниот град на Чеченија, Грозни, беше организирана раскошна прослава, а за свадбената поворка непречено да помине низ градот, улиците беа испразнети од жители. Исто така, никој не смеел да ја снима свадбената веселба.

А сепак на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа колона луксузни автомобили. Пред свадбата полицајци ги посетиле куќите и го предупредиле населението за забраната за снимање.

Инаку, рускиот претседател Владимир Путин лично му ја честита венчавката на 17-годишниот Ахмат Кадиров, едно од 14-те деца на Рамзан Кадиров. Неговата сопруга е наводно Тамила Махматова, но за невестата не се знае многу.

Како што беше објавено во септември 2022 година, Сергеј Кравцов, рускиот министер за образование, ја поддржа иницијативата за именување на тогаш 16-годишниот Ахмат Кадиров за претседател на советот за деца и млади „Движење на првиот“. Министерот Кравцов тогаш вети дека ќе го поддржи Кадиров Помладиот на секој можен начин.

По назначувањето, Ахмат се сретна и со Путин за што објави на својот канал на „Телеграм“. На крајот од средбата Путин му честита на Кадиров за претстојната венчавка.

Патем, во Северен Кавказ сè уште постои обичај да се венчаат многу млади. Иако малолетниците не може да стапат во брак според руските прописи, локалните власти може да одобруваат бракови уште на 16 години. Но, во Чеченија сè уште има случаи на брак на 14-годишна возраст.

Можете да прочитате

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња

Уште една европска земја воведува туристички такси

Путин: Ако Киев стане нуклеарна сила, Русија ќе го употреби целото свое оружје против Украина