Утрински Весник
Македонија

(Видео) Талески: ВМРО-ДПМНЕ ја поткопува работата на институциите за дојавите со бомби

(Видео) Талески: ВМРО-ДПМНЕ ја поткопува работата на институциите за дојавите со бомби

ВМРО-ДПМНЕ ја попречува работата на институциите во спроведување на мерките за справување со дојавите за поставени бомби во училиштата, обвини пратеникот на СДСМ, Миле Талески.

dobivaj vesti na viber

„ Јавните настапи на претставници од ВМРО-ДПМНЕ, како на пример Весна Јаневска која повикува на непочитување на новите протоколи е директно поткопување на дејствувањето на надлежните институции во борбата против хибридните напади. Безбедносна на учениците и обезбедување непречен образовен процес се најважни и новите протоколи за постапувањето, изработени од експерти, се во оваа насока.

Благодарение на таквиот пристап веќе четири дена наставата се одвива без прекин, а безбедноста на учениците и наставниците е загарантирана. Обезбедено е и соодветно присуство на полицијата во училиштата. Она што загрижува и што отвора сериозни сомнежи е деструктивното однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ директно поврзани со поткопување на работата на институциите.

Како пратеник и претседател на комисијата за одбрана и безбедност имам обврска пред граѓаните но и пред Собранието да реагирам јавно. Министерството за внатрешни работи има сознанија за тоа од каде доаѓаат дојавите, а покрај од трети земји, дел од нив се и од македонска територија. Однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ отвора сериозен сомнеж за нивната улога. Дали ВМРО-ДПМНЕ на некаков начин е поврзаната со внатрешните соработници?“ рече Талески.

Тој праша дали ова се причините за вакво деструктивно постапување на ВМРО-ДПМНЕ, партијата која, како што рече, е во целосно заложништво на Левица.

Талески смета дека ВМРО-ДПМНЕ со крајно неодговорно однесување застанува зад хибридните напади чија цел, како што објасни, е создавање немир, тензии, недоверба и чувство на страв кај граѓаните.

„ Ова не е и не смее да биде тема за дневна политика, се работи за безбедноста на училиштата и наставниот процес. ВМРО-ДПМНЕ треба да престанат да ја опструираат и поткопуваат работата на институциите кои работат на обезбедување целосна безбедност на децата, на неутрализација на проблемот и овозможување непречена настава“ порача Талески.

Можете да прочитате

Во Собранието пратенички прашања – 24info.mk

Претседателката Сиљановска Давкова во официјална посета на Црна Гора

Владиката Тимотеј денеска ќе биде погребан на Плаошник во Охрид