Утрински Весник
Магазин

Де Армас, Зендаја, Ема Стоун меѓу славните на ревијата на „Луј Витон“ во Париз

Де Армас, Зендаја, Ема Стоун меѓу славните на ревијата на „Луј Витон“ во Париз

Модната недела во Париз е состанок на кој големите брендови ги претставуваат своите најнови колекции.

dobivaj vesti na viber

Многу познати личности патуваат во француската метропола за да ги видат новите трендови од прва рака, а и да го покажат сопствениот стил.

Ревијата на модната куќа „Луј Витон“ што се одржа во понеделникот во рамки на париската модна недела беше повод за многу познати фаци да присуствуваат на дефилето на еден од фетиш брендовите за црвени килими.

Актерките Ана де Армас, Зендаја и Ема Стоун беа меѓу славните личности кои присуствуваа на ревијата на ексклузивниот бренд. Некои од нив присуствуваа на „Витон-афтерпарти“, секако добра прилика да го истакнат својот стил.

Зендаја, ѕвездата на „Еуфорија“, ги воодушеви присутните на забавата по ревијата на „Витон“, кога се појави во кус топ и шарена кожена јакна.

Можете да прочитате

Black Friday под лупа: каде навистина се најголемите попусти за мебел во Македонија

„Со свои раце, создадено со љубов“: 17-тото издание на Фестивалот на младо вино на „Тиквеш“ ги обедини луѓето и винската традиција

Роберт Патинсон е новиот Џејмс Бонд