Утрински Весник
Магазин

Камерон Дијаз ужива во својот актерски камбек

Камерон Дијаз ужива во својот актерски камбек
Dik 300x250 mk

Камерон Дијаз, долгоногата убавица со волшебна насмевка, по пауза од девет години се враќа на сцената со филмот Back In Action, во кој глуми покрај Џејми Фокс.

dobivaj vesti na viber

Омилената хероина од голем број романтични комедии почна со снимање на филмот во продукција на „Нетфликс’ и, наводно, ужива во своето враќање пред камерите.

Извор изјави за „Пипл“: „Камерон веќе неколку недели снима во Лондон. Беше нервозна пред да пристигне таму, но потоа многу возбудена.“

Камерон (50) ја има тригодишната Редикс со сопругот Бенџи Маден, а во британската метропола ѝ се придружи и нејзиното семејство.

„Снимањето беше неверојатно. Камерон навистина ужива во тоа. Многу снимаа ноќе. Тоа не ѝ пречеше, бидејќи и онака тешко се навикнува на временски разлики. Нејзиното семејство е со неа како поддршка,“ рече инсајдерот и додаде: секогаш е ведра кога снима. Таа е суперкул и приземна“.

Камерон се повлече од својата актерска кариера во 2014 година, откако глумеше во римејкот „Ени“.

Актерката претходно тврдеше дека го сака својот нов живот, мирот и мајчинството.

Чарлиевиот ангел со една од најубавите природни насмевки, глумеше заедно со Дру Баримор и Луси Луи во блокбастер серијалот „Ангелите на Чарли“ – приказна за три детективки со боречки вештини.

Можете да прочитате

Најразгалените деца се раѓаат само во овие хороскопски знаци

Мармалад од тиква и јаболка

Денеска се празнува Светиот маченик Нестор