Утрински Весник
Македонија

Институциите на нозе за бебето починато од туберколоза, Народен правобранител не најде пропусти во семејната грижа

Институциите на нозе за бебето починато од туберколоза, Народен правобранител не најде пропусти во семејната грижа

Народниот правобранител ќе го проверува случајот со смртта на деветмесечното бебе, кое почина на Клиниката на детски болести во Скопје, а боледуваше од туберколоза. Заменичката-народен правобранител, Васка Бајрамовска кажа дека го посетиле домот на семејството чие бебе почина, но немаат забелешки ниту забележале пропуст во делот на семејната грижа.

dobivaj vesti na viber

„Меѓуопштинискиот центар за социјални работи не утврдил пропуст во делот на родителска грижа за децата, имајќи предвид дека покрај ова дете, семејството има уште три други деца“, кажа Бајрамовска.

Во испитување на случајот ќе се вклучи и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, додаде заменик-народниот правобранител.

„Оценуваме за потребно да се испита моментот од пораѓањето на мајката, килажата на детето и примањето на вакцината со толку мала килажа, за да се утврди дали патронажните служби навремено ги преземале сите оние мерки дури и за информирање“, кажа таа.

Изрази и жалење што во време кога има вакцина која превенира туберколоза, се дозволило да почине бебе.

Починатиот Билал, на 24-ти февруари беше хоспитализиран на Детската клиника во Скопје во тешка здравствена состојба. Бебето беше сомнително на туберкулоза и го водеа како неухрането, бидејќи тежело само 3 килограми, што според лекарите е несоодветно за возраста. Станува збор за предвремено родено бебе. И натаму се утврдува како се заразило со туберколоза.

Можете да прочитате

Трајчулески: Тоа што Мицкоски е разочаран од Конгресот е добра вест за СДСМ

Колку реални се попустите за „Black Friday“: Маркетинг стратегија или вистински заштеди?

Чибишев: Воздух во Скопје станува алармантен, Здравјето нема цена !