Утрински Весник
Македонија

Пензионерскиот клуб „Невена Георгиева-Дуња“ во нови подобри простории на барање на пензионерите

Пензионерскиот клуб „Невена Георгиева-Дуња“ во нови подобри простории на барање на пензионерите

Општина Центар по барање на Здружението на пензионери го премести пензионерскиот клуб “Невена Георгиева Дуња” од Трговскиот центар Беверли Хилс поради зголемен интерес за дружба и секојдневни средби на пензионерите. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ги посети новите простории кои се наоѓаат веднаш до Заводот за рехабилитација и ги запозна присутните со проектите за пензионери кои ги спроведува општината.

dobivaj vesti na viber

“Поради зголемен интерес на пензионерите не само околу Трговскиот центар Беверли Хилс во Капиштец туку и пошироко решивме пензионерскиот клуб кој досега функционираше во склоп на читалната “Ацо Шопов” да го преместиме на нова локација. Сега пензионерите и од овој реон, близу Заводот за рехабилитација може да поминуваат квалитетно време во поголеми и покомотни услови. Мене ми е навистина мило што пензионерите од Капиштец ја негуваат дружбата и имаат потреба од поширока социјализација, на овие средби тие разменуваат информации кои ги засегаат сите пензионери и зборуваат за новите проекти во општината. Така што на пензионерите и од овој реон ги поканувам да го посетат клубот кој работи секој ден од 10 до 14 часот да се дружат, рекреираат и поминуваат интересно време со своите сограѓани “, изјави Герасимовски.

Инаку ова е првиот од трите пензионерски клубови кои ги отвори градоначалникот Герасимовски, другите два функционираат во Крњево и кај Универзалната сала. Додека на територија на Општина Центар функционираат вкупно 8 пензионерски клубови.

Можете да прочитате

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишени од слобода три лица

Левица: Патриотите од ДПМНЕ ветуваа дека ќе го вратат името – а под нивна власт, македонскиот народ исчезна и остана само „народот на Северна Македонија”

Од Вашингтон до Иловица: Kритичните минерали ја менуваат улогата на државите во рударството