Утрински Весник
Македонија

Сведоците не се појавија во суд да кажат како бил прегазен пешакот кај мостот „Гоце Делчев“

Сведоците не се појавија во суд да кажат како бил прегазен пешакот кај мостот „Гоце Делчев“

Поради отсуство на сведоците се одложи денешното рочиште на судењето за сообраќајката кај мостот „Гоце Делчев“ во Скопје во која загина пешак. Сведоците се очекуваше денес да опишат како кумановката Гордана Филиповиќ го прегази Слободан Ангеловски.

dobivaj vesti na viber

Иако адвокатите на оштетениот бараа рочиштето да се одржи и да продолжи со изведување на други докази, тоа за одбраната не беше прифатливо.

Судот закажа ново рочиште за кое кажа дека ќе се обиде да ги обезбеди сведоците, а ако и тогаш не успее, ќе се продолжи со другите докази.

Во јануари минатата година, кумановката Филиповска, управувајќи  „бмв х5“ го усмрти Ангеловски кај мостот „Гоце Делчев“, а на почетокот на судењето, минатиот месец, рече дека не чувствува вина. Нејзиниот адвокат најави дека ќе докаже дека најголем придонес за несреќата има покојниот, а Обвинителството, пак, е децидно дека ќе докаже дека вината е кај обвинетата.

Филиповиќ е мајка на кумановката Јелена, која пред три години, на 17 – годишна возраст загина во сообраќајна несреќа. Возачот што ја прегази доби 7,5 години затвор.

Можете да прочитате

Костадиновска-Стојчевска : Разрешувањето на Љутков е признание на власта дека ја уништи културата

Тешко повреден жител на Миладиновци починал на Клинички, паднал од тераса на куќа

Мојсоска: Добивме повеќе министри за здравство за две години отколку што се изградени клинички центри за 35 години