Утрински Весник
Спорт

Кин поцрвене за 40 секунди

Кин поцрвене за 40 секунди

Рома го победи Јувентус со 1:0, во дерби натпреварот од 25.коло во Серија А. Дербито на „Олимпико“, го реши евро-голот на Џанлука Манчини во 53.минута.

dobivaj vesti na viber

Натпреварот ја обележа неефикасноста на фудбалерите на Јувентус (три пати ја погодија рамката на голот) и глупавиот потег на Мојс Кин.

Напаѓачот на теренот влезе на истекот на претпоследната минута, а теренот го напушти 40 секунди подоцна. Кин доби црвен картон поради удирање на противнички играч.



Можете да прочитате

УЕФА ги повика членките на итен состанок, меѓу темите и можен бојкот на Светското првенство

Новото име на салата во СЦ „Борис Трајковски“ е „Т Арена“

Клубот на Роналдо е во длабока криза, должи 200 милиони долари