Утрински Весник
Економија

Азиските берзи пораснаа, а доларот ослабе

Азиските берзи пораснаа, а доларот ослабе

На азиските берзи цените на акциите пораснаа бидејќи се очекува забрзување на растот на кинеската економија, но на пазарите нема еуфорија бидејќи централните банки ќе продолжат да ги зголемуваат каматните стапки поради високата инфлација. Индексот MSCI на азиско-пацифичкиот регион, без Јапонија, беше во плус 0,7 отсто за околу 7 часа.

dobivaj vesti na viber

Истовремено, јапонскиот индекс Никеи зајакна за 1,1 отсто, додека цените на акциите во Хонг Конг, Австралија и Јужна Кореја пораснаа меѓу 0,1 и 0,9 отсто. Во Шангај, пак, тие паднаа за околу 0,2 отсто. Растот на индексот главно се должи на забрзувањето на растот на кинеската економија, по укинувањето на рестриктивните мерки за ковид, на што укажуваат сите најнови макроекономски податоци.

Кинеските власти најавија дека се стремат кон 5 отсто економски раст годинава. Како резултат на тоа, многу аналитичари ги зголемија своите проценки за раст. Така, на пример, аналитичарите на швајцарската банка УБС ја зголемија проценката за растот на кинеската економија од 4,9 на 5,4 отсто.

Но, кочницата на берзите ја претставуваат најавите на централните банки за натамошно зголемување на каматните стапки. Сите најнови податоци покажуваат дека инфлацијата во САД се уште е на високо ниво, што значи дека американската централна банка ќе мора да продолжи да ги зголемува каматните стапки.

Така, на пазарот на пари проценките за каматните стапки на ФЕД се зголемени, па сега се очекува до септември тие да се подигнат на опсег од 5,50 до 5,75 отсто, додека сега каматните стапки се движат меѓу 4,50 и 4,75 отсто. Затоа, оваа недела во фокусот на инвеститорите ќе биде извештајот на претседателот на ФЕД Џером Пауел до Конгресот за состојбите во економијата, како и податоците за вработеноста во САД во февруари.

И на валутните пазари падна вредноста на доларот во однос на кошничката на валути, по минатонеделниот раст од 0,6 отсто. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, се движи околу 104,45 поени, додека во петокот вечерта изнесуваше 104,60 поени.

Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од 135,85 на 135,60 јени. Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0645 долари, додека во петокот вечерта беше 1,0635 долари.

Цените на нафтата повторно паднаа откако минатата недела пораснаа за повеќе од 3 отсто. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се лизна за 0,64 отсто, на 85,28 долари, додека на американскиот пазар барелот падна за 0,65 отсто, на 79,15 долари.

Можете да прочитате

Денови на финансиска писменост – 24info.mk

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за идната година

Тему достапна и во Македонија, ниски цени и бесплатна достава, квалитетот дискутабилен