Американските власти одбија да му дозволат на Новак Ѓоковиќ влез во САД бидејќи не бил вакциниран. По оваа одлука, светскиот број 1 и официјално се повлече од ждрепката за Мастерс турнирот во Индијан Велс
Странците кои не се вакцинирани против корона вирусот се уште не можат да влезат во земјата. Ѓоковиќ не е вакциниран, поради што не доби ослободување, а неговото место ќе го заземе Николоз Басилашвили од Грузија.
Ѓоковиќ на Мастерс турнирите во Индијан Велс и Мајами последен пат настапил во 2019 година.
Србинот, кој е еден од најистакнатите спортисти невакцинирани против вирусот, минатиот месец поднесе барање до американската влада за специјална дозвола да игра на АТП Мастерс турнирите во Индијан Велс и Мајами, објави Ројтерс.
Турнирот во Индијан Велс започнува во понеделник и ќе трае до 19. март