Утрински Весник
Магазин

Исаја Вашингтон ненадејно се повлече од актерството: „Хејтерите победија“

Исаја Вашингтон ненадејно се повлече од актерството: „Хејтерите победија“

Холивудскиот актер Исаја Вашингтон заминува во пензија предвремено и, како што вели, целосно ќе го напушти светот на забавата.

dobivaj vesti na viber

Својата одлука ја објави на „Твитер“.

Исаја, најпознат по улогата на доктор Престон Бурк во првите три сезони од серијата „Вовед во анатомија“, нагласи во твитот дека неговите хејтери победиле.

„Со тешко срце и чувство на олеснување денес најавувам предвремено повлекување од индустријата на забава. Оние кои ме следат овде на Твитер од 2011 година знаат дека се борев храбро, но се чини дека победија хејтерите, провокаторите и идиотите.“

„Повеќе не ме интересира дали има чекор напред или назад во врска со ‘конструкторите на боја’ кои нè држат поделени нас луѓето. Не ме интересира политика или било каква подлост. Сега ќе одам на патувања во оваа прекрасна земја, пред да падне во рацете на социјалистите и комунистите,“ твитна Вашингтон и потоа им се заблагодари на фановите, и им порача дека наскоро ќе можат да го видат во неговиот последен филм.

„Се чини дека CORSICANA е последниот филм во кој ќе ме видите како актер. Ќе споделувам фотографии и интересни случки од моите патувања, а до тогаш останете во добро здравје,“ напиша сега веќе поранешниот актер.

 

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста