Утрински Весник
Свет

(Видео) Пригожин објави снимка со ковчези: Праќаме дома уште една „пратка“ мртви Украинци

(Видео) Пригожин објави снимка со ковчези: Праќаме дома уште една „пратка“ мртви Украинци

Основачот на руската платеничка група Вагнер Евгениј Пригожин објави видео од ковчези и рече дека во нив има мртви украински војници.

dobivaj vesti na viber

„Испраќаме дома уште една „пратка“ со загинати борци на украинската армија. Тие храбро се бореа и загинаа. Затоа најновиот камион ќе ги врати во нивната татковина“, вели Пригожин во видеото, облечен во воена опрема.

На видеото, мажи во униформи товарат дрвени ковчези во камион додека во позадина се слушаат експлозии.

Можете да прочитате

Лавров: Западот сака да ја распарчи Русија

Украина уништи руска база на беспилотни летала

Претставничкиот дом на САД гласаше за помош од 9 милијарди долари за Украина