Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Ковачевски ги заштити граѓаните и не дозволи профит на грбот на народот

СДСМ: Ковачевски ги заштити граѓаните и не дозволи профит на грбот на народот

Претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски во време на голема, глобална економска криза ги заштити граѓаните и не дозволи никој да профитира на грбот на народот, велат од оваа партија.

dobivaj vesti na viber

„Цената за векна бел и полубел леб од 450 грама е замрзната на 33 денари. Владата предводена од СДСМ донесе одлука со која производителите на леб се обврзуваат да го произведуваат и да го стават во промет лебот со замрзната цена, во количина од најмалку 80 отсто од производството во декември 2022 година. Сите пекарници се обврзани да ја почитуваат оваа обврска“, потенцираат во соопштението.

Истовремено, додаваат од таму, укината е субвенционираната електрична енергија за пекарниците, која ја добија лани во ноември, со која требаше да ги намалат цените на своите производи за 10-15 отсто.

Засилените контроли во сите градови низ државата, појаснуваат од СДСМ, продолжуваат и понатаму.

„Државата, институциите преземаат сѐ за да се спречи профитирање на поединци на штета на граѓаните. СДСМ застана во одбрана на стандардот на граѓаните и нема да дозволи никој да го осиромашува народот заради лично богатење“, се истакнува во информацијата од СДСМ.

Можете да прочитате

Денеска во ЕП ќе биде презентиран Извештајот за Македонија

ВЛЕН: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

Пролет во Македонија: Продолжува топлото и сончево време преку ден