Утрински Весник
Свет

Американка зависна од јадење тоалетна хартија: ,,Јадам по 75 ролни на ден”

Американка зависна од јадење тоалетна хартија: ,,Јадам по 75 ролни на ден”

Иако нема ништо лошо во тоа да ја јадете вашата омилена слатка закуска одвреме-навреме, сепак може да се создаде проблем ако развиете зависност од неа.

dobivaj vesti na viber

Меѓутоа, една жена има позагрижувачки проблем, наместо да јаде чипс, торта или чоколадо, таа признава дека е зависна од јадење тоалетна хартија.

Кеша, од Чикаго, се појави на My Strange Addiction на TLC за да раскаже за нејзината необична зависност позната како ксилофагија, пореметување во исхраната кое вклучува јадење на хартија.

Во последните 23 години, 34-годишната девојка секој ден јаде по околу 75 ролни талетна хартија.

Кеша претпочита да јаде двослојна хартија бидејќи според неа е „полесна за варење“.

Таа вели дека и се појавуваат „грчеви во стомакот“ и дека „тешко оди во тоалет“ кога јаде премногу.

Нејзината мајка раскажува: „Секогаш кога ќе ја видев Кеша, таа имаше марамче во раката и се обидуваше да го скрие зад грб. Ако се обидете да и го земете, таа ќе се вознемири. Никогаш неможев да разберам зошто таа почна да јаде хартија”

Сепак, Кеша никогаш не сфатила колку хартијата е штетна по нејзиното здравје додека психијатарот Ким Денис не и кажал за влијанието што го има врз нејзиното тело.

Тој ја советувал да ја замени ролната за влажни марамчиња, пренесува Мирор.ук.

Можете да прочитате

Неколку лица се водат како исчезнати во свлечишта и поплави низ Нов Зеланд

Пукање во Австралија: Тројца мртви, едно лице рането, убиецот во бегство

Пукање во Австралија: Тројца мртви, едно лице рането, убиецот во бегство