Фудбалерот на Баерн, Садио Мане на британскуте новинари им ткрил дека воопшти не згрешил кога решил да го напушти Ливерпул и да се пресели во Баерн Минхен.
Минатото лето, Снегелаецот одби да го продолжи договорот со Ливерпул и побара трансфер. За сума од 32 милиони евра, Мане по шест години замина од „Енфилд“ и се пресели во Минхен.
„Атмосферата е фантастична на секој стадион, Бундеслигата е изедначена. Па, кој би можел да ја одбие понудата на Баерн? Гледате ли што прават овие клубови со години во Лигата на шампионите? Бундеслигата не е лоша лига”, изјави Мане.
Тој истакна дека португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо му рекол дека направил одличен потег во кариерата со преселбата во Бундеслигата.
„На одморот во Мајорка го запознав Роналдо, тој ми кажа дека избрав голем клуб и дека ова е голем чекор напред во мојата кариера. Нема вистина во приказните дека Бундеслигата е полоша од Премиер“, вели Сенегалецот.
Мане неодамна се врати на теренот по четири месеци отпуштање поради повреда.
„Го направив вистинскиот чекор во кариерата и воопшто не се сомневам во мојата одлука“.
Мане оваа сезона одигра 24 натпревари за Баерн и постигна 11 голови.