Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Срамно, ВМРО-ДПМНЕ бара поскап леб за народот и ги брани профитерите

СДСМ: Со континуитетот на Ванчо Михајлов, Мицкоски ја погази идеологијата на ВМРО-ДПМНЕ

Срамно, ВМРО-ДПМНЕ застана во одбрана на профитерите, против заштита на стандардот на граѓаните и јавно бара поскап леб за граѓаните, велат од партијата на власт.

dobivaj vesti na viber

„Според јавните изјави, ВМРО ДПМНЕ смета дека граѓаните треба да плаќаат поскап леб, дека цената на лебот не треба да биде замрзната. Тие сметаат дека цената на лебот не треба да биде замрзната на 33 денари и дека е оправдано некој да профитира на грбот на народот. Наместо да застанат зад интересите на граѓаните, во време на глобална криза, ВМРО-ДПМНЕ под заложништво на Левица застанаа зад профитерите“, се истакнува во пишаната информација од страна на СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа дека е истата онаа партија којашто 11 години ги осиромашуваше граѓаните, додаваат од СДСМ, оценувајќи додека поединци се богатеа на сметка на народот.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт