Утрински Весник
Македонија

(Видео) Малтретирањето на коњот е во рацете на полицијата, се трага по тие кои го влечеа за кука од автомобил

(Видео) Малтретирањето на коњот е во рацете на полицијата, се трага по тие кои го влечеа за кука од автомобил

Полицијата трага по лицата кои со автомобил влечеа коњ, кој од изнемоштеност, падна среде улица. Од Министерството за внатрешни работи посочуваат дека по јавно објавената снимка, го испитуваат случајот, за кој јавноста бара одговорност. Неофицијално, со оглед дека полицијата располага со регистрацијата, службениците лесно ќе стигнат до лицата кои го малтретирале коњот.

dobivaj vesti na viber

„Ве информираме дека Секторот за внатрешни работи Скопје веќе превзема мерки и активности за расчистување на случајот, а по расчистувањето на случајот соодветно ќе ја информираме јавноста“, велат од МВР за „Макфакс“.

Од снимката се гледа како животното паѓа кога автомобилот за кој е врзан забрзува за да не направи метеж во сообраќајот. За момент коњот паѓа по што возилото застанува, а од него излегуваат тројца луѓе за да го кренат по што продолжуваат да го влечат.

Ваквата глетка станува сè почеста слика во главниот град, а многу активисти за заштита на животните бараат од властите да преземат мерки кон оние што нехумано постапуваат и ги измачуваат животните.

Можете да прочитате

Честитка од ВЛЕН по повод 28 Ноември – Денот на независноста на Албанија

СДСМ: Јаловите напади на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за нивната нервоза и страв од промените во СДСМ

Филипче: Започнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации