Утрински Весник
Економија

(Видео) „Вагнеровци“ веат знаме: „Ова е, практично, центарот на Бахмут“

(Видео) „Вагнеровци“ веат знаме: „Ова е, практично, центарот на Бахмут“

Се шири снимка од членовите на руската платеничка група „Вагнер“ како веат знаме на зграда.

dobivaj vesti na viber

Зградата, како што се тврди во видеото, се наоѓа во Бахмут.

Видеото првпат го објави прес-службата на шефот на „Вагнер“, Јевгени Пригожин, на апликацијата „Телеграм“.

Заедно со видеото е цитирана изјавата на Пригожин: „Момците се шегуваат, снимаат домашно видео. Видеото е направено во Бахмут утрово, практично во центарот на градот“.

Во видеото еден од војниците вее знаме на „Вагнер“, а тројца војници свират на инструменти алудирајќи на неформалниот прекар на групата – музичарите.

Групата „Вагнер“ го предводеше рускиот напад на областа околу Бахмут и со месеци се обидуваше да го заземе градот правејќи постепен напредок во околните села.

Можете да прочитате

Битиќи: Секој граѓанин денес должи 6.000 евра, вториот ребаланс е доказ за економскиот неуспех на власта

УЈП: Транспарентно за исполнување на даночните обврски

Народната банка: За клиентите на „АЛТА банка” АД Битола од денес достапни електронското и мобилното банкарство, од утре се отвора експозитурата во Скопје