Утрински Весник
Свет

(Видео) Грчкиот министер за транспорт поднесе оставка: „ Не може да се продолжи како ништо да не се случило“

(Видео) Извлечено 6,5-месечно бебе од смачканиот воз во Грција

Грчкиот министер за инфраструктура и транспорт Костас Караманлис денеска поднесе оставка, откако во синоќешниот судир на два воза северно од Лариса загинаа најмалку 36 лица, а 72 се повредени, објави денеска грчкиот портал Екатимерини.

dobivaj vesti na viber

Караманлис рече дека ја презема одговорноста за „годишните неуспеси за подобрување на ситуацијата на железницата“ и додаде дека оставката е негова должност и „најмалку што може да направи за да им оддаде почит на жртвите“.

Тој изјави дека кога ќе се случи нешто толку трагично, не може да се продолжи како ништо да не се случило.

„ Во овие три и пол години вложивме максимални напори да ја подобриме состојбата. За жал, напорите не беа доволни за да се спречи ваква несреќа. И ова е многу тешко за сите нас и за мене лично – рече Караманлис.

Меѓуградски патнички воз со околу 350 патници, кој од Атина тргнал кон Солун, во текот на ноќта се судрил со товарен воз, кој се движел во спротивна насока по истата пруга. Несреќата се случила кај Темпи, северно од Лариса, во Тесалија.

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња