Тинејџерот Алехандро Гарначо осигура добрата атмосфера во Манчестер јунајтед да продолжи откако го комплетираше камбекот на „ѓаволите“ за 3:1 победа над незгодните Вест хем во осминафиналето на ФА купот. Толку среќа немаа два други премиерлигаши – Саутемптон доживеа домашен понижувачки 1:2 пораз од Гримзби таун, додека Тотенхем беше поразен со 1:0 од Шефилд јунајтед.
Само три дена по освојувањето на титулата од Карабао купот, Ерик Тен Хаг направи шест замени во својот тим, и „ѓаволите“ тргнаа слабо за Саид Бенрама во 54. минута да донесе водство за „чеканите“. Откако (оправдано) беше поништен израмнувачкиот гол на Касемиро поради офсајд, Наиф Агуерд си постигна автогол по корнер во 77. минута, за тинејџерот Гарначо во 90. минута да ја осигура победата. Крахот на Вест хем беше комплетиран во 94. минута, кога Фред постигна лесен гол за 3:1.
Тотенхем пак, не си помина најдобро на гостувањето во Шефилд, каде што единствениот гол го постигна Илиман Ндиаје со фантастичен соло-продор во 79. минута за второлигашот да слави голема победа.
Поголем срам имаше на „Сент Мерис“, каде што фенерџијата во Премиерлигата успеа да биде елиминиран од четвртолигашот Гримзби таун.
ФА КУП, 1/8 ФИНАЛЕ
Саутемптон – Гримзби 1:2
Барнли – Флитвуд 1:0
Манчестер јунајтед – Вест хем 2:1
Шефилд јунајтед – Тотенхем 1:0
ALEJANDRO GARNACHO EN EL FINAL DEL PARTIDO 🔥🇦🇷
— Tomiconcina 🎙️ (@Tomiconcina1) March 1, 2023