Утрински Весник
Економија

Русија и Украина изразија сочувство за жртвите од страшната железничка несреќа во Грција

Русија и Украина изразија сочувство за железничката несреќа во Грција, несреќа во која досега загинаа најмалку 36 лица, а повеќе од 80 беа повредени, од кои некои се борат за живот.

dobivaj vesti na viber

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека веста е примена со „длабока тага и болка“.

„Во овие тешки моменти, изразуваме искрено сочувство до грчкиот народ, пред се до семејствата кои ги загубија своите најблиски и роднини. На повредените им посакуваме брзо закрепнување“, рече Захарова.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, пак, изрази сочувство со твит на грчки јазик. Народот на Украина ја споделува болката на семејствата на жртвите. На сите повредени им посакуваме брзо закрепнување“, напиша Зеленски.

Можете да прочитате

Од полноќ нови цени на горивата, по одлуката на Владата за намалување на ДДВ од 18 на 10 отсто

Утре започнува Конференцијата на високо ниво за централното банкарство во услови на светски промени

ВМРО-ДПМНЕ: Со новите мерки на Владата граѓаните заштедуваат околу милион и пол илјади евра неделно