Утрински Весник
Магазин

Том Круз заплакал кога Вал Килмер се појавил на снимањето на „Топ-ган 2“

Том Круз заплакал кога Вал Килмер се појавил на снимањето на „Топ-ган 2“

Toм Круз откри некои емотивни моменти од снимањето на „Топ-ган: Маверик“ и призна дека се борел со солзите кога двата лика од оригиналот повторно се обединија за продолжението неколку децении потоа.

dobivaj vesti na viber

Ако некоја сцена од „Топ Ган: Маверик“ ве расплака, тоа е емотивното обединување помеѓу Маверик (Том Круз) и Том (Ајсмен) Казански (Вал Килмер) и има добра причина за ова.

Килмер не глумеше со години по губењето на способноста да зборува поради лекување рак на грлото во 2014 година, но актерот се врати за емотивна куса сцена во продолжението на блокбастерот „Топ-ган“.

Доволно е да се каже дека во куќата немало суви очи кога Килмер ја репризира улогата на Ајсмен и се појави наспроти Том Круз 36 години по оригиналниот филм.

Моментот бил толку моќен што ниту Круз не можел да ги задржи солзите.

„Само сакам да кажам дека беше прилично емотивно. Го познавам Вал со децении“, рече Круз за време на неодамнешното појавување во „Џими Кимел лајф“. „За да се врати и да го глуми тој лик… тој е толку моќен актер што веднаш повторно стана Ајсмен“.

„Плачев. Станав емотивен“, призна Круз. „Тој е толку брилијантен актер и ја сакам неговата работа“.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста