Утрински Весник
Спорт

Алкараз се повлече од турнирот во Акапулко

Алкараз се повлече од турнирот во Акапулко

Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас се повлече од турнирот во Акапулко. Светскиот рекет број 2 има повреда на мускулот на десната нога.

dobivaj vesti na viber

Карлос Алкараз се повреди во неделата, во финалето на турнирот во Рио де Жанеиро.

Алкараз имаше проблеми со повреди и на крајот на минатата година, односно на почетокот на оваа сезона, поради што го пропушти Австралија опен.

Пред турнирот во Рио де Жанеиро, Алкараз го освои турнирот во Буенос Аирес.

Повредата на Алкараз значи дека Новак Ѓоковиќ е сигурен на првото место на АТП листата до 20.март. На најновата АТП листа, која излезе во понеделникот, Ѓоковиќ има 200 поени повеќе од Алкараз.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина