Утрински Весник
Спорт

Јокиќ го забележа 100. трипл-дабл во кариерата

Јокиќ го забележа 100. трипл-дабл во кариерата

Никола Јокиќ стана шестиот играч во историјата на НБА со трицифрен број трипл-дабл натпревари во кариерата. Центарот на Денвер го постигна својот јубилеен 100. трипл-дабл во победата на Нагетс над Хјустон од 132:110. За само 27 минути на паркетот имаше 14 поени, 11 скока и 10 асистенции.

dobivaj vesti na viber

Ова беше 24. трипл-дабл сезонава и 24. триумф на Нагетс за двократниот МВП. Како што сега стојат работите, би било сензација доколку Јокиќ повторно не ја добие МВП наградата.

Јокиќ им се придружи на Расел Вестбрук (198 трипл-дабл), Оскар Робертсон (181), Меџик Џонс (138), Џејсон Кид (107) и Леброн Џејмс (106) како единствените играчи кои ја надминаа магичната бројка од 100.

Можете да прочитате

Скандал го тресе чешкиот фудбал – Масовни апсења

УЕФА го отфрли барањето на клубовите од Премиер лигата за проширување на составите за ЛШ

ФИФА откажа 2.000 хотелски резервации за СП 2026 година во Филаделфија