Утрински Весник
Спорт

Барселона има огромен проблем кога не игра Педри

Барселона има огромен проблем кога не игра Педри

Отсуството на Педри од составот на Барселона е предуслов за сериозните проблеми кои се појавија за тимот на Чави Ернандез во последните две седмици. Играчот од средниот ред речиси сигурно нема да се врати на терените пред средината на март.

dobivaj vesti na viber

Играчот од средниот ред моментно е повреден, а „Опта“ истакнува дека кога младиот Шпанец бил во тимот на Чави за натпревар од Ла Лига, Барселона освоила 90% од можните бодови. Тоа е 84 од можните 93 поени (27 победи/3 нерешени/1 пораз).

Во исто време, кога Педри не настапил на натпреварите во Ла Лига, стапката на успех на Барса паѓа на само 57% освоени поени – 31 од 54 можни (9 победи/4 нерешени/5 порази).

Можете да прочитате

Скандал го тресе чешкиот фудбал – Масовни апсења

УЕФА го отфрли барањето на клубовите од Премиер лигата за проширување на составите за ЛШ

ФИФА откажа 2.000 хотелски резервации за СП 2026 година во Филаделфија