Утрински Весник
Македонија

Пратеник му врати на Ковачевски: Премиерот си го злоупотребува семејството, со сликањето како јаде тост нема да е поблизок до народот

Пратеник му врати на Ковачевски: Премиерот си го злоупотребува семејството, со сликањето како јаде тост нема да е поблизок до народот

Не Христијан Мицкоски, туку премиерот Димитар Ковачевски сам си го злоупотребува семејството, а со цел да се претстави како човек на народот. Ова од собраниската говорница го кажа пратеникот Александар Вељановски од ВМРО-ДПМНЕ, откако, Ковачевски кажа дека сопругата е мета на напади по нарачка на лидерот на опозициската партија, а ќерката му била мета на недолични видеа на „Тик-ток“. Вељановски испрати и порака до Ковачевски.

dobivaj vesti na viber

„Каква е таа расипаност, во време на сиромаштија, да се потрошат 26.000 евра за спонзорирани видеа, стории, објави, во кои замислете, на крајот се потпишувал и премиерот. Сметам дека оваа Фејсбук кампања, која ја води премиерот, ги злоупотребува неговото семејство и неговите најблиски, а злоупотребува и деца, злоупотребува и градинки, злоупотребува буквално се, за да се претстави како човек на народот. Не е доволно господине премиер да јадете еден тост и да се сликате со тој тост во реклама, која е вредна неколку илјади евра, тоа нема ве направи поблизок до народот“, кажа пратеникот.

Вељановски ставот го кажа со собраниската говорница, на седница каде се дискутира за разрешување на замениците-министри од Владата, кои се кадри на Алтернатива и ДУИ. Тој го искритикува и експозето на Ковачевски кој не навел ниту една причина за разрешување на министрите.

„Се работи за чисто пазарење, за да се опстои уште некој месец на позицијата премиер на Владата“, додаде пратеникот Вељановски.

Тој потоа набројуваше зошто Ковачевски треба да поднесе оставка.

Можете да прочитате

ДКСК: Татјана Димитровска сама да каже дали ќе даде оставка, Комисијата си продолжува со работа

ЦУК: Пожарот во Желино е ставен под контрола

Пожарникари нашле три запалени гуми при гаснење на пожарот на планината Жеден