Утрински Весник
Македонија

(Видео) Претполноќно дерење и „уа“ во Собрание: Опозицијата бараше да се гласа, власта бараше и доби пауза

(Видео) Претполноќно дерење и „уа“ во Собрание: Опозицијата бараше да се гласа, власта бараше и доби пауза

Неколку пратеници од ВМРО-ДПМНЕ се повлекоа од дискусија за разрешувањето на замениците министри, па координаторот Никола Мицевски побара да се гласа, знаејќи дека во салата нема доволно пратеници кои ќе обезбедат мнозинство. Наместо гласање, неговиот колега, координаторот на пратениците од СДСМ, Јован Митревски, побара пауза. Ова наиде на револт кај пратениците од опозицијата.

dobivaj vesti na viber

„Да ја ставите точката сега на гласање и да се изјасниме по однос на Владата. Сметам дека доволен број на аргументи се кажаа денеска. Или повторно ќе пробувате со паузи да се соберете и да се убедувате за мнозинството кое треба да го има? Срамота и недолично е на 10 минути пред завршување на седница вие не можете да ги соберете пратениците потребни на седница. Па затоа ние сме тука, да го ставиме предлогот на гласање“, побара Мицевски.

„Кога почнува, а кога завршува седницата јас одлучувам. Така што, тоа што вие тврдите дека сме 10 минути пред крај на седницата, тоа е ваше мислење. Констатирам дека се исцрпи листата на пријавени за збор“, рече Џафери.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ довикуваа: „Ајде да гласаме, ајде да гласаме“.

Координаторот на СДСМ, Јован Митрески, побара пауза од еден час.

„Цело време критикувате, го критикувавте изборот на претходниот состав, критикувавте за министрите кои се разрешуваат, а кога дојде време за гласање и за тоа што критикувавте не гласавте против. Сега кога ги добивте информациите, најдругарски, правите финти. Пак ви е целта да продолжите на истиот начин за изборот на заедници министри. Повуквам на разум, еден час да размислите дали вака продолжите. Што се сеќирате, ново мнозинство ќе имаме“, кажа Митревски.

Собранискиот спикер Џафери даде пауза, а ова наиде на негодување кај пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои довикуваа „Еееее“, „Уааа“ и се бунтуваа бидејќи предлогот за разрешување не се стави веднаш на гласање.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!