Утрински Весник
Свет

Путин потпиша указ: Странци, добредојдовте

Путин потпиша указ: Странци, добредојдовте
Dik 300x250 mk

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ со кој се предвидува дека првиот договор за воена служба за странци може да биде потпишан за период од една година.

dobivaj vesti na viber

Претседателскиот декрет денеска беше објавен на официјалниот интернет портал за правни прашања, пренесува ТАСС.

Указот предвидува дека првиот договор за воена служба за странци во чин на водници и наредници може да се склучи само за период од дванаесет месеци, додека руското законодавство предвидуваше порано склучување на такви договори за период од пет години.

Минатата есен, според медиумот, Путин потпиша декрет со кој им се дозволуваше на странците кои потпишале договор со руските вооружени сили да добијат руско државјанство по поедноставена процедура – без дозвола за престој или исполнување на задолжителниот петгодишен престој во Русија.

Можете да прочитате

Путин го свика Советот за безбедност откако САД тестираа интерконтинентална ракета

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“

Во Франција најмалку петмина повредени откако намерно биле удрени од автомобил