Утрински Весник
Свет

Извозот на користена облека од ЕУ го влоши проблемот со отпадот во земјите во развој

Извозот на користена облека од ЕУ го влоши проблемот со отпадот во земјите во развој

Европската унија тројно го зголеми извозот на користена облека од почетокот на векот, што дополнително го влоши проблемот со акумулацијата на отпадот во земјите во развој, предупреди денеска Европската агенција за животна средина (ЕЕА).

dobivaj vesti na viber

Европа има ограничен капацитет за повторна употреба и рециклирање, така што голем дел од фрлената и донирана облека се извезува во Африка и Азија, истакнува агенцијата во извештајот објавен денеска.

„ Постои заедничка перцепција кај јавноста дека донации на користена облека се секогаш добредојдени во овие региони, но фактите кажуваат друга приказна“, предупредуваат експертите за животна средина во извештајот. „Иднината на извезениот искористен текстил е често неизвесна“, додаваат тие.

Во 2000 година ЕУ извезла околу 550.000 тони текстил, според податоците од извештајот. Во 2019 година извозот достигна речиси 1,7 милиони тони, што одговара на 3,8 килограми по жител.

„ Текстилот првенствено се реупотребува поради побарувачката за евтина, користена облека од Европа. Она што не е погодно за повторна употреба најчесто завршува на отворени депонии и неофицијални текови на отпад“, објави агенцијата.

Во 2019 година, ЕУ извезла 41 отсто од искористениот текстил во Азија, каде што бил сортиран и преработен во централните точки. Поголемиот дел од него се користел во индустријата или бил испратен во други азиски земји за рециклирање и во Африка каде што бил повторно пуштен во употреба. Речиси половина од искористениот текстил завршил во африканските земји, откри ЕЕА.

Можете да прочитате

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња

Уште една европска земја воведува туристички такси

Путин: Ако Киев стане нуклеарна сила, Русија ќе го употреби целото свое оружје против Украина