Утрински Весник
Спорт

Цела Англија зборува како Мегваер го игнорираше газдата на Манчестер Јунајтед

Цела Англија зборува како Мегваер го игнорираше газдата на Манчестер Јунајтед

Хари Мегваер го загуби местото во првиот состав на Манчестер Јунајтед, но е капитен на тимот, и Бруно Фернандеш го покани заедно да го подигнат победничкиот пехар во Лига купот, по триумфот над Њукасл. Сепак, сите зборуваат за тоа како англискиот дефанзивец го игнорираше сопственикот на клубпот, Аврам Глејзер.

dobivaj vesti na viber

Мегваер по добивањето на медалот целосно го изигнорира Глејзер и не му подаде рака, а многумина веруваат дека со овој потег тој дефинитивно стави точка на кариерата во Манчестер Јунајтед.

Мегваер и онака го загуби местото во првиот тим, а веќе подолго време се шпекулира дека дефинитивно ќе го напушти клубот на крајот од сезоната.

29-годишниот фудбалер дојде на „Олд Трафорд“ како еден од најскапите дефанзивци во историјата на англискиот фудбал, откако Јунајтед го доведе од Лестер во летото 2019 година за речиси 90 милиони евра. Сепак, тој не ги оправда очекувањата и како што стојат работите, сигурно ќе го напушти клубот на лето.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина