За еден ден Селена Гомез на „Инстаграм“ почнале да ја следат повеќе од два милиони луѓе. Од 22 февруари, бројот се зголеми на над 5 милиони, што дополнително го потврди нејзиниот статус како најследена жена на „Инстаграм“.
Таблоидите не престануваат да пишуваат за новата шоубиз драма на социјалните мрежи, која се чини дека сè уште не стивнува.
А во драмата се појавуваат три ѕвезди – Селена Гомез, Хејли Бибер и Кајли Џенер.
Селена Гомез моментално е најчестото име на социјалните мрежи, а причина е драмата помеѓу неа, Хејли Бибер (сопруга на нејзиното поранешно момче Џастин Бибер) и Кајли Џенер.
Сè започна на 22 февруари кога милиони фанови заклучија дека Хејли и Кајли ја исмеваат Селена поради нејзиниот изглед на социјалните мрежи. Тоа беше истиот ден кога Селена ја собори Кајли како најследена жена на „Инстаграм“.
Набрзо на социјалните мрежи почна вистинска војна на фановите. Милиони луѓе застанаа во одбрана на Селена и почнаа да ги повикуваат другите да ја следат на социјалните мрежи, а да ги отследат Кајли и Хејли, и така бројот на нивните фанови рапидно почна да се намалува за стотици илјади луѓе, додека на Селена од 381 милион се искачи на над 386 милиони.
Фотографијата што ја објави кога сè започна денес има 17 милиони лајкови. И 17 милиони лајкови на стара фотографија која претходно ја објави, а потоа ја избриша. Во исто време, Кајли и Хејли мораа да ги заклучат коментарите на нивните објави поради големиот број хејтери кои сега ги нарекуваат „злобни девојки“.
На „Тик-ток“ во тренд се објави во кои луѓето се снимаат како кликаат „отследи“ (unfollow) кај Хејли Бибер и Кајли Џенер и следи (follow) кај Селена Гомез. „Девојко, ние сме со тебе“, ѝ велат на Селена, која сред ваквата војна најави дека на некое време ќе се повлече од социјалните мрежи.
Шпекулациите за драма помеѓу Хејли Бибер, Селена Гомез и Кајли Џенер не стивнуваат на интернетот, што веројатно е причина Гомез да направи пауза од социјалните мрежи.