Утрински Весник
Македонија

(Видео) „Татко ми, обвинител, се пензионираше кога станав министер“, порача Маричиќ за снаите на политичарите во правосудството

(Видео) „Татко ми, обвинител, се пензионираше кога станав министер“, порача Маричиќ за снаите на политичарите во правосудството

Мојот татко, кој беше обвинител, се пензионира кога јас станав министер за правда, тоа е етичко постапување. Вака вицепремиерот Бојан Маричиќ го коментира изборот на синови, ќерки и снаи на политичари и ексобвинители за нови судии и обвинители. Тој посочува дека не е спорно оти сите слушатели што го положиле завршниот испит тоа го направиле на законски начин. За себе посочи: „Немам причина да се плашам од кое било судење или обвинение во моментот“.

dobivaj vesti na viber

„Таму има луѓе од разна политичка определба. Има сопруга на потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ. Јас сакам да кажам дека нема таков тип на политичка селективност“, рече Маричиќ дополнувајќи дека се познава со сопругата на Тимчо Муцунски, која сега станува судијка, па прокоментира и дали е добар правник.

Тој коментира и за избраните кандидати за кои рече дека со некои од нив и лично се познава, како што е ќерката на ексобвинителка од Обвинителството за гонење организиран криминал. Маричиќ одговараше и на прашањето кому од синовите, снаите, ќерките на политичари и обвинители најмногу би му верувал ако го седне на обвинителна клупа.

На прашањето: „Би сакале ли синот на Талат Џафери да ве обвини (во својство на обвинител)?“, Маричиќ одговори: „Јас не би сакал никој да ме обвини“.

Прашан дали би имал доверба во Џафери ако биде обвинител што ќе го гони, Маричиќ рече: „Важно е кој било кандидат да ја помине обуката. Во секој што ќе ја помине обуката на Академијата за судии и обвинители ќе ја имам довербата“.

„Не сме се запознале со синот на Џафери, но немам проблем да се запознам, како и со кој било од нив“, додаде тој.

Дискусијата со вицепремиерот Бојан Маричиќ за новите судии и обвинители целосно во интервјуто за „Макфакс“.

Можете да прочитате

Георгиевски: Никогаш не сме биле толку блиску до ЕУ, треба да направиме само еден безболен чекор

Дурмиши: Пониски цени на над 600 производи за Нова Година

Одбележан Денот на МАНУ – 24info.mk