Утрински Весник
Спорт

Екс-играч на МЗТ му обезбеди на Јужен Судан место на СП

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!
Dik 300x250 mk

Кошаркарите на Јужен Судан постигнаа историски успех. Во првото учество во квалификациите за пласман на СП, изборија пласман на најголемата светска смотра. До историскиот триумф ги предводеше поранешниот играч на МЗТ, Нуни Омот.

Јужен Судан место на Светското првенство избори со победата над Сенегал 83:75. Омот натпреварот го заврши со 26 поени. Омот во 2019 година четири месеци играше за МЗТ. Во моментов Омот игра во САД, за Вестчестер Никс, клуб кој се натпреварува во развојната Џи лига.

Јужен Судан стана независна земја во 2011 година и моментално е најмладата универзално призната независна земја во светот. Има околу 10 милиони жители, а кошаркарската репрезентација на оваа земја првиот натпревар го одигра на 10. јули 2011 против Уганда.

Можете да прочитате

Кошаркарската федерација со конкретни мерки за зачувување на регуларноста и интегритетот на натпреварите

Струга го претрпе првиот пораз во шампионатот

Дејан Манасков не се враќа во репрезентацијата