Утрински Весник
Свет

Нехамер: Војната не е решение, го поддржуваме територијалниот интегритет и суверенитет на Украина

Нехамер: Војната не е решение, го поддржуваме територијалниот интегритет и суверенитет на Украина

Сојузниот канцелар на Република Австрија, Карл Нехамер на својот Твитер профил сподели објава преку коа ја изрази својата поддршка за Украина.

dobivaj vesti na viber

Еден од твитовите вели дека денеска се одбележува годишнината од руската инвазија на Украина.

„Се случи незамисливото. Повторно војна во Европа“, напиша Нехамер, продолжувајќи дека последиците од војната се уништување, воени злосторства, безброј жртви и милиони раселени луѓе.

Во следниот твит, Нехамер напиша дека Австрија се солидаризира со Украина и дека иако е воено неутрална, не е политички неутрална.

„Од почетокот поддржувавме како држава и како општество воена и хуманитарна помош. Воено сме неутрални, но политички никогаш не сме неутрални кон масовното кршење на меѓународното право“, напиша Нехамер и додаде дека војната никогаш не е решение и дека Австрија го поддржува територијалниот суверенитет и интегритет на Украина.

Да потсетиме, Русија пред една година, на 24 февруари 2022 година ја нападна соседна Украина. Потоа следеше одговорот на Западот и Соединетите Американски Држави со воведување санкции кон Руската Федерација.

Неколку стотици илјади луѓе беа убиени и ранети во оваа војна, додека милиони, и од една и од друга страна, ги напуштија своите земји,пренесе Денес.рс.

Можете да прочитате

Зеленски назначи нов командант на копнената војска

Најголемиот електричен авион ќе полета следната година

Израелската армија објави дека цел на напад бил јужен Либан